Преносот од првото полуфинале на натпреварот за песна на „Евровизија“, кое се одржа во израелскиот главен град Тел Авив, во вторникот беше прекинат за некои гледачи од хакери, кои предупредија за опасност од ракетен напад, пренесува РТ.
Преносот во живот од натпреварот бил прекинат и заменет со двоминутно видео од лажни експлозии во Тел Авив со лажно лого на израелските вооружени сили и прикажа застрашувачко предупредување на кое пишувало дека Израел не е безбеден и дека постои ризик од ракетен напад.
Израелскиот радиодифузер КАН откри дека неговата веб-страница била хакирана неколку минути, но хакертскиот напад бил ограничен по обем.
– Веруваме дека пораките не беа дистрибуирани до многу луѓе. ЕБУ и КАН ја гледаат кибербезбедноста како најголем приоритет и случајот се испитува – се вели во соопштението на КАН објавено во „Џерусалем пост“.
Не е веднаш јасно кој стои зад нападот и никој не ја презеде одговорноста, но националниот радиодифузер ги обвини за нападот милитантите на Хамас, кои не одговорија на обвинувањата.
Израел како домаќин на Евровизија се покажа како контроверзна одлука, предизвикувајќи демонстрации во неколку земји и бројни повици за бојкот на социјалните мрежи. Пропалестинските демонстранти, исто така, се собраа пред местото на одржување на „Евровизија“ барајќи крај на израелската контрола врз Западниот Брег и Појасот Газа.