Утрото на 26 февруари 1993 година, две лица ја преминаа реката Хадсон во Менхетен и се упатија на југ кон Светскиот трговски центар и кон кулите-близначки во Њујорк, влегоа во подземната гаража помеѓу северната кула и хотелот, паркираа на нелегално место и активираа тајмер на импровизирана експлозивната направа, по што забрзано го напуштија местото.
Во 12 часот и 17 минути бомбата експлодира. Подоцна американското Федерално истражно биро (ФИБ) изјави дека локацијата на нападот е најголем по тежина и со најголемо оштетување од импровизирана бомба во историјата на форензичката експлозивна идентификација.
Во нападот загинаа шест лица, од кои и една бремена жена. Повеќе од 1 000 луѓе беа повредени, претежно од чадот предизвикан од експлозијата, но двете кули беа незначително оштетени.
Истрагата покажа дека главен организатор на терористичкиот напад е Пакистанецот Рамзи Ахмед Јусеф, кој имал намера да ги сруши кулите-близначки. Јусеф добил помош од следбениците на шеикот Омар Абдел Рахман, слеп египетски клерик, кој живеел во Бруклин и меѓу локалната муслиманска заедница проповедал уништување на симболите на капитализмот. Истрагата, исто така, покажала дека шеикот Абдел Рахман планирал уништување на мостот „Џорџ Вашингтон“, седиштето на Обединетите нации како и други терористички напади во Њујорк.
Главниот организатор Рамзи Ахмед Јусеф беше уапсен во 1995 година во Пакистан и екстрадиран во САД каде беше осуден на доживотен затвор. Шеикот Омар Абдел Рахман и деветмина негови приврзаници беа прогласени за виновни за заговор и други обвиненија поврзани со тероризам.
И покрај откривањето и осудувањето на заговорниците за терористичкиот напад, тогашната истрага не успеа да разоткрие дека Рамзи Ахмед Јусеф пред терористичкиот напад во Њујорк, одреден период поминал во теористички камп на Ал каеда во Авганистан.
Всушност американските истражни власти овој теористички напад не го поврзаа со активностите на Ал каеда. Подоцнежната истрага поврзна со нападите од 2001 година покажаа дека Рамзи Ахмед Јусеф е всушност внук на Калид Шеик Мухамед, еден од главните архитектите на терористичкиот напад од 11 септември.