Уставниот суд на Германија денеска ја отфрли жалбата, која ја поднесе десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), тврдејќи дека одлуката на канцеларката Ангела Меркел да дозволи влез на стотици имигранти во Германија, претставува кршење на Уставот.
АфД наведе дека одлуката на германската канцеларка од 2015 година, го нарушила правото на Парламнетот да учествува, како и други принципи.
Меѓутоа, Уставниот суд денеска соопшти дека трите поднесени жалби не ги исполниле предусловите за уставно сослушување затоа што АфД „не успеала доволно да ги поткрепи тврдењата дека одлуките на Владата по тоа прашање ги прекршиле или директно ги загрозиле правата.