Европската комисија и земјите како Полска и Унгарија веќе со години се во несогласување за прашањата поврзани со владеењето на правото. Извршното тело на ЕУ често упатуваше критики за мерки кои ја ограничуваат независноста на судството и медиумите. Досега, малку е постигнато: на политичкото ниво нема многу конкретен напредок, анализира „Дојче веле“.
Само Европскиот суд на правдата успеа да ја поттикне полската влада да ревидира некои од своите одлуки. Нејзините пресуди се почитуваат. Сепак, Варшава одбива да ги слуша препораките на политичарите од Берлин и Брисел.
Урсула фон дер Лејен има влијание меѓу полските политичари. Како германска министерка за одбрана, застана во заштита на источните земји и стравот од руска експанзија. Ова беше една од причините зошто конзервативна полска партија гласаат за неа како претседател на Европската комисија.