Најмалку три лица го загубија животот во налетот на ураганот Лoра во американската сојузна држава Луизијана, соопштија властите. Според информациите, меѓу загинатите е 14-годишно девојче, врз чија куќа паднало големо дрво.
Ураганот Лoра, кој се зголеми од категорија 1 на категорија 4, на скала од 5, за само еден ден, го погоди американскиот брег. Метеоролозите го опишаа како „исклучително опасен“ и ги предупредија жителите да се евакуираат или во спротивно ризикуваат да го загубат својот живот.
На удар сега се Луизијана и Тексас.
Во текот на изминатите неколку часови ураганот ослабе во категорија 2.
Многу згради се оштетени, еден град е целосно поплавен, а половина милион жители се без електрична енергија, пренесуваат светските медиуми.
Националниот центар за урагани предупреди дека и натаму се очекуваат силни и опасни ветрови и покрај тоа што ураганот ослабнал.