Осумгодишно девојче од Пакистан кое било нелегално вработено како слугинка, било убиено од работодавачите.
Сето тоа се случило во градот Равалпинди во северен Пакистан.
Имено, девојчето го отворило кафезот со папагали за да ги нахрани птиците, но тие избегале.
Нејзините работодавци ја претепале, а потоа ја оставиле во локалната болница, каде што починала.
Се сомнева дека во овој случај можеби станува збор и за сексуално насилство.
Од болницата повикале полиција и две лица се уапсени.
– Жртвата била донесена во болница жива. Таа имала повреди на лицето, рацете, ребрата и нозете. Таа исто така има рани на колковите, па можно е да е жртва и на сексуално насилство – изјавија од полицијата.
Девојчето работело во замена за плаќање за школување.
Пакистан има огромен проблем со детскиот труд, според извештајот на Комисијата за човекови права на Пакистан и се проценува дека има околу 12 милиони деца кои работат во земјата.
Иако Пакистан нема законска минимална возраст за вработување, малолетните лица не можат да работат како слуги.