Поранешниот шеф на перуанската полиција Раул Бакер уапсен е под обвинение дека е вмешан во илегална трговија со бебиња.
Обвинителството соопшти дека Бакер е еден од 15 осомничени за продажба на бебиња и деца, кои биле земани од сиромашните жени.
Меѓу уапсените во перуанскиот индустриски град Арекипа, оддалечен околу 900 километри од Лима, се и гинеколог и педијатар.
Според полицискиот генерал Волтер Ортика, водач на мрежата за продажба на бебиња е партнерката на Бакер, Синтија Тељо.
Полицијата извршила претрес во 18 куќи, при што било спасено едно петмесечно бебе.