Руската полиција по барање на Пекинг уапси двајца кинески државјани на аеродромот Хабаровск, кои се товарат за проневера на 1,9 милијарди долари во пирамидална измама, соопшти портпаролката на руското Министерство за внатрешни работи, Ирина Волк, а пренесе „Тасс“.
Уапсените се 41-годишен маж и 66-годишна жена кои биле дел од криминален клан, додаде таа. Како што рече Волк, тие биле меѓу лидерите на кланот, кои со цел за успешна измама направиле финансиска организација од над 50.000 членови.
Кинезите биле уапсени од страна на сообраќајната полиција на аеродромот Хабаровск по иницијатива на Националното биро за Интерпол, а во рамки на прекуграничната соработка со Министерството за јавна безбедност на Кина.
Според првичните проценки, повеќе од милион и пол луѓе биле погодени од оваа измамничка шема во вредност од 13,4 милијарди јуани (1,9 милијарди долари).