Германската полиција соопшти дека денеска е уапсена Урсула Хавербек (89), истакната фигура на германскиот национализам, позната како „наци мама“, бидејќи не ја отслужила затворската казна која и била изречена.
-Урсула Хевербек-Вецел не се појавила во затвор во законскиот рок за служење на казната. Врз основа на налог за апсење, таа беше уапсена денес – се вели во соопштението на полицијата.
Обвинителството вели дека таа била во бегство.
Хавербек била осум пати осудена за негирање на Холокаустот и требало да биде две години во затвор.
Последната пресуда, изречена во октомври минатата година, била шест месеци затвор. Таа била осудена затоа што јавно изјавила во јануари 2016 година дека нацистичкиот геноцид против Евреите не се случил, како и дека во логорот Аушвиц немало гасни комори. Претходно, во 2015 година, таа била осудена за изјава дека Холокаустот е „најголемата лага” во историјата.
До сега ни еднаш не завршила зад решетки.
Урсула Хавербек на својот сајт се нарекува „претставник на историски ревизионизам” и „неуморен борец за вистината”.
Таа била во брак со Вернер Џорџ Хавербек, десничарски екстремист кој починал во 1999 година. Со него основале образовна институција која била забранета во 2008 година.
За време на Втората светска војна, нацистите убиле шест милиони Евреи, од кои еден милион во логорот за смртта во Аушвиц- Биркенау.