Личните податоци на граѓаните на ЕУ „треба да бидат целосно заштитени“, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Тој ова го изјави по средбата во Брисел на шефовите на држави и влади на земјите членки на Унијата на која се дискутираше за скандалот со британската компанија „Кембриџ Аналитика“ околу неовластено користење на личните податоци на милиони корисници на Фејсбук.
– За сите лидери беше јасно дека приватноста и податоците на граѓаните треба да бидат целосно заштитени. Ова прашање го сметаме за многу сериозно, рече Туск и повика на усогласување и спроведување на европското и националното законодавство во оваа област.