Турција и Русија започнаа заеднички патроли во североисточна Сирија, како дел од договорот со кој се стави крај на турската офанзива против курдските борци во земјата.
Турското Министерство за одбрана денес на Твитер објави дека патролите се воспоставени во областа ал-Дарбаси, со руски и турски војници, оклопни возила и беспилотни летала.
Патролите ќе опфаќаат два сектора западно и источно од турската зона на дејствување, со длабочина од 10 километри и нема да го покриваат градот Камишли, се вели во соопштението на турското министерство.