Жестока дебата ескалираше во тепачка во тајванскиот парламент, по трет пат во рок од 15 дена, при што некои пратеници ги напаѓаа противниците со балони полни со вода.
За тајванските пратеници физички пресметки во парламентот и не се некоја новина, но последните две недели беа особено бурни поради расправата за назначувањето на иден шеф на агенцијата задолжена за надзор на владата.
Физички судири се случија и кога се дискутираше за реформи и намалување на пензиите пред четири години, во време кога претседателката Цај Инг-вен ја презеде функцијата.
Претставник на Демократската напредна партија (ДПП, на власт) со раката удри колега од Куоминтанг (КМТ, опозиција).
Набргу потоа, пратениците од КМТ реагираа напаѓајќи ги колегите од ДТП со балони со вода, принудувајќи ги да облечат пластифицирани мантили и да се заштитат со големи картонски паноа.
ДПП за шефица на агенцијата ја номинираше 70-годишната Чен Чу, позната активистка за човекови права, кој мина шест години во затвор за време на диктатурата Куоминтанг.
ДПП има мнозинство во парламентот и денекса го потврди кандидатот и покрај расправијата и физичката конфронтација.
КМТ тврди дека 24 од 27 кандидати номинирани за членство во агенцијата за контрола се тесно поврзани со ДПП и дека станува збор за досега најкатастрофалното именување.