Три лица загинаа, а 38 се повредени во автобуска несреќа што синоќа се случи во југоисточниот дел на Полска.
Автобусот превезувал украински туристи од Лавов кон Виена.
Возилото паднало во провалија и се превртело неколкупати.
Еден од повредените е во критична состојба.