Вкупно три бебиња и двајца возрасни се повредени во напад со нож во јасли во Њујорк.

Нападот го извршила 52-годишна вработена во установата. Таа била откриена во подрумот со рани од нож кои самата си ги нанела. Жената била однесена во болница каде што е под надзор.

Повредените бебиња се две девојчиња и едно момче, а едно од девојчињата е во тешка состојба. Ранетите возрасни лица се татко на едно од бебињата и вработен во установата.

Нападот се случил во квартот Квинс.