Тренерот на младите фудбалери заробени во пештерата Там Луанг преку нуркачите достави писмо во кое ги моли родителите на момчињата за прошка.
– Во моментов сите деца се добро. Спасувачите се грижат добро за нив. Ви благодарам за целата морална поддршка и ги молам сите родители за прошка – стои во писмото на 25-годишниот тренер Екапол Чантавон.
Од пронаоѓањето на заглавените деца во понеделникот вечерта, досега се објавни два видео-записи на кои тие беа прикажми на местото на кое се заглавени, додека обидот за инсталирање на телефонски кабел до нив беше неуспешен.
Покрај јавно објавеното писмо на тренерот, нуркачите доставија и пораки од децата до нивните родители.
– Не се вознемирувајте тато и мамо. Поминаа две недели окако заминав, но ќе се вратам за да Ви помагам во дуќанот, вели малиот Екарат во пораката до неговите родители, кои поседуваат продавница.
– Добро сум, но тука е малку студено. Не грижете се за мене. Не заборавете да ми подготвите прослава за родендентот, се наведува во пираката на момчето Дуангфет до неговите родители.
– Ако излезам ќе Ве молам да ме одведете да јадам муу крата, им порачува Пифат на своите родители. Муу крата е традиционално тајландско јадење со свинско месо и зеленчук.
На еден искусен нуркач за пристап до местото на кое се наоѓаат децата и ваќање назад, му се потребни 11 часа. Рутата е долга неколку километри и минува низ матна застоена вода, тесни канали, скали и други препреки. На некои места видливоста во водата е речиси нула.
Спасувачите предложија план за пробивање дупка длабока 600 до местото на кое се наоѓаат децата и нивниот тренер, но оваа опција засега е само во фаза на разгледување.