Американскиот претседател Доналд Трамп ја пофали примената на сила, која што синоќа полицијата ја применила врз демонстрантите.
Трамп се огласи на Твитер, каде изнесе податоци дека во Вашингтон синоќа немало проблеми.
– Има многу уапсени, но одлично сите си ја завршиле работата. Преголема сила. Доминација. Исто така, Минеаполис беше одличен ( благодарам претседателе Трамп) – напиша тој.
Афроамериканецот Џорџ Флојд почина откако брутално го приведоа четворица полицајци во Минеаполис, што предизвика протести низ САД, кои во повеќе делови прераснаа во насилни.