Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека заслужува Нобелова награда за мир поради неговата политика кон Сирија и Северна Кореја, но, исто така, жали што веројатно нема да ја добие.
– Му ја дадоа на Обама, тој дури и не знаеше зошто му беше дадена. Тој беше таму околу 15 секунди и веќе му ја доделија Нобеловата награда. Тој праша: О, со што сум заслужил? – напиша Трамп и се пожали на својата ситуација.
– Јас веројатно никогаш нема да ја добијам – додава Трамп.
Трамп тврди дека спасил три милиони животи во сириската провинција Идлиб, што е во рацете на бунтовниците, кога тој предупредил дека Русија, Иран и сириската влада не треба извршат напад врз Идлиб.