Американскиот претседател Доналд Трамп се обиде да ги сопре подготовките за судир со Иран во скоро време, порачувајќи му на актуелниот портпарол за одбрана, Патрик Шанахан, дека не сака да започне војна со Иран. Неговите високи функционери започнале да бараат начини за да ја намалат тензијата, изјавија претставници на администрацијата, пренесува „Њујорк тајмс“.
Администрацијата која се чинеше дека цели кон конфликт, изгледа прилично решителна да најде дипломатско решение.
На прашањето дали САД ќе влезе во војна со Иран, упатено до Трамп синоќа, тој одговорил „Се надевам не“.
На внатрешната дебата на администрацијата во врска со Иран учествуваа пет високи функционери кои побараа анонимност да дискутираат за чуствителни внатрешни прашања.
Иран ги отфрла сите предлози за дијалог со Трамп.
– Ескалацијата од страна на САД е неприфатлива – изјавил вчера министерот за надворешни работи, Мухамад Џавад Зариф.