Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го одобрил испраќањето на уште 1.500 војници на Блискиот Исток, објави ФТВ.
Во обраќањето пред Белата куќа пред да замине во Јапонија, Трамп рече дека дополнителните американски сили главно ќе имаат задача да ги штитат американските претставници на Блискиот Исток.
Се очекува Пентагон наскоро да се обрати на јавноста во врска со најновата одлука на американскиот лидер за Блискиот Исток. Американските медиуми претходно пишуваа дека американскиот претседател веќе го известил Конгресот за неговата одлука.
Во изминатите неколку недели, пораснаа тензиите меѓу Вашингтон и Техеран, а САД испратија единици на Блискиот Исток, посочувајќи на директна закана од Иран.