Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, ќе биде запаметен како „најлошиот шеф досега во историјата на ФБИ“ и оти тој „им направил голема услуга на луѓето кога го отпуштил“.
Трамп на Твитер ги коментираше заклучоците од извештајот на главниот инспектор на Министерството за правда, според кој Коми покажал непослушност, и многу пати го нарушил протоколот на Министерството во своите акции во врска со истрагата за електронската пошта на Хилари Клинтон.
Според Трамп, односот на Коми кон истрагата за електронската пошта е доказ дека истрагата во врска со Русија не е спроведена како што треба. Таа истрага вклучуваше проверки дали Трамп се обидел да спречи спроведување на правда кога го разрешил Коми.
Трамп изјави дека новиот извештај „е целосна катастрофа за Коми, неговите фаворити и за жал, за ФБИ“.
“Donald Trump was 100% right to fire James Comey.” Mark Levin
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) June 15, 2018
– Сега Коми официјално ќе остане досега најлошиот шеф во историјата на ФБИ. Јас им направив голема услуга на луѓето кога го разрешив. Добри инстинкти, напиша Трамп на Твитер.