Во предизборната кампања во Северна Каролина, американскиот претседател Доналд Трамп, меѓу другото, рекол дека тој може да биде избран за Нобеловата награда за мир. Во тој контекст тој го споменал неодамна потпишаниот договор меѓу Белград и Приштина во Вашингтон.
„Спутник“ пренесува дека Трамп изјавил дека успеал да ги запре масовните убиства што се случувале меѓу Србија и Косово веќе неколку децении.
– Сигурен сум дека ќе се квалификувам за Нобеловата награда за мир. Ние ги запираме масовните убиства меѓу Косово и Србија. Тие се убиваа со години. Tие ќе престанат да се убиваат едни со други. Јас реков: Момци, ајде да се собереме. Знаете, они го прават тоа стотина годни, под различни имиња – рекол Трамп.
Претседателот на САД беше номиниран за Нобелова награда за мир овој месец по потпишувањето на договорот за нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина.