Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон изјави дека претседателот Доналд Трамп е отворен за преговори. Тој додаде дека сѐ што треба Иран да направи е да помине низ таа отворена врата.
– Едноставно не постои доказ дека Иран донел стратешка одлука да се откаже од нуклеарното оружје – изјави Болтон.
Изјавата на американскиот советник следи по критиките кои Иран ги упати на сметка на администрацијата на Трамп, а се однесуваа на новите санкции на САД врз иранскиот врховен лидер.
Иранското министерство за надворешни работи соопшти дека таа мерка значи трајно затворање на дипломатијата помеѓу САД и Иран.