Претседателот на САД Доналд Трамп отпатува од Велика Британија за Хелсинки, каде што треба да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин. Тој на неговиот налог на Твитер упати твит за медиумите, кои, како што рече се „непријател на народот”.
– На пат за Хелсинки, Финска – со нетрпение ја очекувам утрешната средба со претседателот Путин – напиша Трамп по полетувањето од аеродромот во Глазгов-Прествик.
– За жал, колку и добро да се справам на средбата, дури и ако ми го дадат големиот град Москва, како одмазда за Русија поради сите нејзини гревови и зла, сепак, би ме пречекале со критики дека тоа не било доволно – дека сум требал да го земам Санкт Петербург наместо тоа (Москва). Голем дел од медиумите се всушност непријател на народот, а демократите знаат само да се противат и да пречат. Затоа има толку многу омраза и несогласувања во нашата земја – но во еден момент таа ќе се излекува – напиша Трамп .