Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги тужи трите најголеми технолошки компании – Фејсбук, Твитер и Гугл – како и нивните извршни директори. Тoj тврди дека бил погрешно цензуриран од тие три фирми.
– Барам запирање на тишината и запирање на црните списоци, протерувања и поништувања што сите добро ги знаете – рече Трамп на прес-конференција во неговиот голф-центар во Њу Џерси. Тужбите беа поднесени во окружниот суд во Флорида.
Трамп беше суспендиран оваа година најголемите социјални мрежи, наведувајќи дека неговите најави се сериозно кршење на правилата. Фејсбук го казни со двегодишна забрана. Таа забрана го лишува Трамп од главниот медиум за обраќање до јавноста пред изборите во ноември 2022 година, кога неговата Републиканска партија ќе се бори за места во Конгресот.