Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија денеска свечено беа примени во царската палата во Токио, каде што беа пречекани од новиот цар на Јапонија, Нарухито, и царицата Масако.
Трамп е првиот лидер во светот кој се состана со новиот цар, кој го презеде тронот на 1 мај.
САД и Јапонија планираат да соработуваат во вселенските мисии кои ги испраќаат астрономите на Месечината и на Марс, според Си-ен-ен.
-Ќе одиме на Месечината- рече Трамп, додавајќи дека наскоро ќе одат и на Марс.