Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја посети Велика Британија на 13 јули, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.
Претходно планираната посета на Британија, беше откажана во јануари.
Информацијата ја потврдија и британскиот амбасадор во САД, Ким Дарк и од Даунинг стрит.
– Претседателот Трамп ќе ја посети Велика Британија на 13 јули. Ќе има билатерални разговори со премиерката Тереза Меј за време на посетата – се вели во соопштение од Даунинг стрит.