Американскиот претседател Донал Трамп повика бруталната репресија над народот во Венецуела да прекине, по апелите на опозицискиот лидер Хуан Гвидо за општ штрајк.
– Бруталната репресија над венецуелскиот народ мора да прекине. Луѓето гладуваат, немаат храна, немаат вода, а некогаш Венецуела беше една од најбогатите земји во светот – рекол Трамп на националниот молитвен собир во Белата куќа.
Повикот на Трамп доаѓа откако рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и американскиот државен секретар, Мајк Помпео, се договорија следната недела да се сретнат за да разговараат за ситуацијата во Венецуела по судирот на двете страни за начинот на решавање на кризата во оваа држава.