Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека војската треба да размисли за тоа дисциплински да го казни службеникот на Советот за национална безбедност, Александар Виндман, кој сведочеше против Трамп во процесот на импичмент, пренесува „Ројтерс“.
Полковникот Виндман беше отпуштен минатата недела, откако ги даде најсериозните обвинувања во своето сведочење против Трамп.
Виндман, поранешен главен експерт за Украина кој лично го слушаше телефонскиот разговор на Трамп со украинскиот претседател Влaдимир Зеленски во јули, сведочеше дека Трамп упатил несоодветно барање до Зеленски.
Виндман изјави пред Комитетот на Претставничкиот дом, во кој доминираат демократите, дека тој не можел да им верува на своите уши.
– Трамп го замоли Зеленски да покрене истраги против неговиот демократски ривал Џо Бајден – рече Виндман.
Во истото сведоштво, тој рече дека не е загрижен дека ќе ги трпи последиците затоа што сведочеше.
– Ќе бидам во ред затоа што ја кажав вистината – рече тој.
Покрај Виндман, Гордон Сонленд, амбасадор на САД во Европската унија, беше отпуштен за сведочење во процесот на импичмент.