Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање на Молитвениот појадок во Вашингтон нагласи дека „Америка денес е земја која верува во искупување”.
Трамп се заблагодари на верските лидери за поддршката на „реформата на криминалниот систем“, што, како што рече, ја спроведува неговата Администрација.
– Американскиот народ верува во искупување, истакна Трамп.
Тој додаде дека секогаш ќе ги штити верниците и дека „нема да ги изневери“.
Доналд Трамп е 12-от претседател на САД кој го организра Молитвениот појадок, почнувајќи од Двајт Азенхауер.
Тоа е традиционален настан што се организира секоја година и на него присуствуваат членови на претседателскиот Кабинет и Конгресот, како и многубројни гости од странство.
Молитвениот појадок се одржува првиот четврток од февруари секоја година во Вашингтон, а вообичаено присуствуваат околу 3.500 гости.