Сведоштва од подрачјата погодени од торнада во САД
Барем 50 регистрирани торнада погодија осум американски сојузни држави, вклучувајќи ги Арканзас, Илиноис, Индијана, Кентаки, Мисисипи, Мисури, Охајо, Тенеси, при што силните ветришта откорнуваа покриви, го прекинаа снабдувањето со електрична енергија и опустошија цели заедници. Се стравува дека има повеќе од 100 загинати, од кои најмалку 80 се од Кентаки, според податоците на властите. „Си-ен-ен“ ги пренесува сведоштвата на жителите од подрачјата погодени од природните непогоди.
Кијана Парсонс-Перез се нашла заробена под уранатините по уривањето на фабриката за свеќи во Мејфилд, Кентаки, каде што работела за време на ударот на торнадо во петокот.
– Се се случи толку брзо. Се нишавме и потоа – бум, сѐ се сруши врз нас. Како кула од карти од која некој извадил парче. Покривот се урна и падна врз нас – вели Кијана Парсонс-Перез.
Таа и нејзините колеги се обиделе да останат мирни. Парсонс-Перез се обидела да побара помош преку вклучување во живо преку Фејсбук.
– Не знам кој го гледа ова, но ве молам пратете помош. Заробени сме. Ѕидот е заглавен врз мене. Никој не може да стигне до нас. Молете се за нас и обидете се да испратите некој за да ни помогне – порачала преку социјалната мрежа.
Набргу потоа пристигнале и екипите за спасување и ги евакуирале сите, извлекувајќи ги од урнатините.
– Кога се извлеков можев само да му заблагодарам на бога. Само тоа ме спаси. Неверојатно е дека некој воопшто излезе оттаму – смета Парсон-Перез.
Група пријатели отишле во лов на патки во државниот парк на езерото Рилфут во Тенеси кога се нашле на патот на торнадо. Ти го истоварувале камионот со кој пристигнале кога ја слушнале сирената за тревога од торнадо.
– Дознавме за торнадото кога ги слушнавме сирените. По околу 15 минути се најдовме на удар на торнадото. Тие успеале да се засолнат во мотелот во имале сместување, а во рамките на кој се наоѓал и камп со приколки.
– Имаше приколка на околу седум метри зад мојот камион и торнадото потполно ја збриша. Безмалку се гледаше линијата на која торнадото помина зад мојот камион и збриша се позади. Торнадото нѐ промаши за влакно. Вакви нешта гледате на телевизија, но не замислувате дека ќе ги видите пред вас, не можете да бидете подготвени за ова – вели Кејден Ролс.
Спасувачките екипи моментно се на теренот барајќи преживеани, додека ги расчистуваат урнатините, додека локалните власти најавија и финансиска помош за погодените потрачја, со што САД се справуваат со последиците од незапаметаната природна непогода.