Повеќе од 150.000 домаќинства и компании во јужната австралиска држава Викторија останаа без струја откако топлотниот бран денеска го погоди овој австралиски регион.
Откако температурите се искачија на 45 степени Целзиусови во многу делови од Викторија, неколку генератори едноставно престанаа да работат, изјави извршниот директор на операторот со австрискиот енергетски пазар Одри Зибелман.
Температурата во градот Мелбурн денеска достигна 42,3 степени, предизвикувајќи сообраќаен хаос откако повеќе од 100 семафори престанаа да работат. Температурните рекорди во регионот почнуваат да се намалуваат, а топлотниот бран се движи кон исток.
Во Аделаида вчера беа измерени 46,6 степени, додека во Порт Аугуста, 300 километри северно, температурата достигна рекордни 49,5 степени, што е највисоката температура која некогаш била измерена во приморски град во целиот свет.
Источно од Мелбурн денеска избувнаа и пожари, но температурите во градот денеска паднаа за 12 степени. Поради жешкото време, одложени се и натпреварите од Отвореното првенство на Австралија во тенис.
Топлотниот бран се очекува утре да го погоди Нов Јужен Велс.