Во обид повторно да ја придобие својата поранешна девојка, тинејџер од Германија провалил во затвор во северозападниот град Фехта.
Според надлежните во затворот, 18-годишникот го искачил ѕидот во висина од четири метри за да дојде до прозорецот на неговата поранешна девојка, јави „АП“.
Младото момче стигнале до прозорецот од ќелијата и одбивало да слезе, па биле повикани пожарникари кои со скалила го спуштиле доле. Тој се товари за недозволен пристап и контакт со затвореник.
Не се знае дали успеал да се смири со девојката, која исто има 18 години и му раскинала преку телефонски повик.