Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа телефонски разговараше со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Во разговорот, двајцата ја истакнаа потребата од построги мерки од страна на меѓународната заедница во врска со акциите на Израел во Газа.

Израелските сили во понеделникот убија 60 Палестинци и повредија околу 2.500 лица при протестите на границата помеѓу Израел и  Појасот Газа. Истиот ден беше отворена американска амбасада во Ерусалим.