Талибаните објавија дека започнуваат со пролетна офанзива и ја отфрлија понудата за мировни разговори на авганистанскиот претседател Ашраф Гани.
Екстремистите најавија дека главна мета на нивните напади ќе бидат американските сили во Авганистан.
Талибаните преземаа одговорност за повеќето терористички напади во Авганистан од почетокот на годината, во кои загинаа повеќе стотици лица.