САД не веруваат дека Северна Кореја успешно лансирала нова целосно оперативна ракета, откако Пјонгчанг пред неколку дена тврдеше дека спровеле „тестирање на ново тактичко оружје“, информираат од Си-ен-ен повикувајќи се на американски извори кои ја следат состојбата.
Иницијалните информации на тајните служби на САД се дека Северна Кореја тестирала делови за против-тенковско оружје, а не целосно оперативна нова ракета, велат официјалните извори.
Оценката е дадена по преглед на информации собрани од сателитски и авионски фотографии кои не регистрирале никакви индикации за лансирање на било какво тактичко оружје или балистички проектил.
Претходно, националниот медиумски сервис на Северна Кореја објави дека лидерот на земјата Ким Јонг-ун го надлегдувал тестирањето.
Официјалните лица и службите на САД велат дека доколку севернокорејците би лансирале функционална анти-тенк балистичка ракета, нивините сензори би го препознале и детектирале лансирањето. Според изворите на Си-ен-ен, тоа не се случило.