Судот во Русија го одби барањето на опозиционерот Алексеј Навални за ослободување, и тој ќе остане во затвор.
Навални беше уапсен на 18 јануари и требаше да биде во затвор 30 дена за кршење на условната казна, пренесува „Ројтерс“.
„Асошиејтед прес“ пренесува дека руските власти уапсиле неколку блиски соработници на Навални поради протестите што се одржаа претходниот викенд.