Американската разузнавачка агенција има потешкоотии да се натпреварува со богатите корпорации и сака поразновидна работна сила
Една информација од странското разузнавање „може веднаш да смени се“, им кажува инструкторот од ЦИА на новите регрути во едноминутната реклама која неделава се емитува на сервисите за стриминг во САД, пренесува „Фајненшл тајмс“.
Веднаш потоа, млада црномуреста агентка зема УСБ од постар колега додека се разминуваат на скалила надвор од неименувано странско министерство. Во првата кампања од ваков вид за американската разузнавачка агенција, ЦИА се рекламира на стриминг-сервисите и социјалните медиуми за да врбува врвни разузнавачки агенти додека се бори со конкуренцијата од фирмите кои плаќаа подобро и се обидува да вработи што повеќе луѓе од малцинствата. ЦИА покрена и налог на Инстраграм претставувајќи ја разноликоста меѓу нејзините вработени. Многумина го прифатија пристапот за барање на разноликост при вработувањето, во рамките на пошироката модернизација на агенцијата која почна во 2015 година.
Првата жена-директор на ЦИА, Џина Хаспел, во соопштение истакна дека ова е „важен чекор напред за допирање до талентираните Американци со диверзитет на искуства кои кои ЦИА ги бара“. ЦИА истапи со рекламата поради тоа што многумина луѓе се во карантин, гледајќи телевизија во нивните домови.
Агенцијата се соочува со потешкотии за ангажирање и задржување на работниците кои се привлечени од подобрите плати во приватниот сектор.
Компанијата за достава „Амазон“ минатата година почна со регрутирање на работници за нејзиното седиште во северна Вирџинија, во истата област каде што се наоѓа и седиштето на ЦИА. Технолошкиот гигант сака да вработи 25 илјади луѓе во следната деценија, соопштувајќи дека ќе овозможи плати од над 150 илјади долари годишно. ЦИА не го открива износот на платата или бројот на вработени, но познавачите на состојбите велат дека платата во приватниот сектор би можела да биде и до трипати повисока. Бројот на вработени во ЦИА исто така останува непознат.
ЦИА исто така се соочи со извештаи за деморализација за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп кој минатата година ја обвини разузнавачката служба за неконтролирано однесување, истакнувајќи оти „треба да се врати на училиште“.
Додека одреден број на луѓе и пристапуваат на агенцијата поради привлечноста на животот во странство под лажни имиња и можноста за брифирање на претседателот, други одлучуваат да ја напуштат ЦИА поради повисока плата.