Најмалку четворица планинари загинаа во силно невреме кое предизвика поплави во Кина. Група од 285 планинари од три туристички групи биле заробени откако започнал силен дожд во гратчето Гаоху, пренесува новинарската агенција Шинхуа.
Локалните власти започнале спасувачки акции и сите преостанати планинари биле спасени.
– Преку 530 спасувачи се испратени на задача во погодените области – се вели во соопштението.