По една недела рекордна жештина во Москва, градот го погоди силно невреме. Бурата уништи многу куќи и автомобили, сруши покриви и поплави улици и метро станици, објави РИА Новости.

Паднатите дрвја делумно го блокираа трамвајскиот сообраќај. Силниот ветер сруши дури градежен кран.

Властите ги повикаа локалните жители да бидат крајно внимателни доколку излегуваат надвор.