Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтер ја погоди денеска американската сојузна држава Орегон, соопшти американскиот геолошки завод.
Епицентарот на земјотресот бил на 302 километра западно од градот Бендон, пренесе агенцијата Ројтерс.
Извештаи за повредени и материјална штета засега нема.
Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени го погоди вчера северното крајбрежје на Венецуела, додека земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди денеска островот Амбрим во пацифичкиот архипелаг Вануату.