Најмалку 10 лица загинаа, а над 40 се повредени во земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер што го погоди утрово индонезискиот туристички остров Ломбока, соопшти агенцијата за управување со катастрофи.
Потресот го погодил северниот дел на островот, додека сите спиеле.
Епицентарот на земјотресот бил на 49,5 километри североисточно од најголемиот град на тој остров Матарама, на длабочина од седум километри.