Приватен авион „Бомбардер Челинџер 601“ исчезнал од радарот за време на летот над градот Монклова, во мексиканската држава Коауила, по што се урнал во планинскиот регион над градот.
Во авионот имало 11 патници и тројца членови на екипажот, кои починале на местото на несреќата, јави „Дејли мејл“.
Патниците на авионот се враќале од Лас Вегас, каде следеле боксерски меч.