Четири лица загинаа кога помал авион се урна во Русија, јави новинската агенција „ТАСС“.
Според наводите од управата на покраината, авионот се запалил за време на падот.
Вицепремиерот на покраинската влада за гориво, енергија и комунални услуги Анатолиј Литвинчук изјави дека авионот се урнал на околу 60 километри од аеродромот Лалиника.
Службите за итни случаи се на лице место, а причината за несреќата се истражува.