По високите температури делови од Австралија се погодени од катастрофални поплави.
Си-Ен-Ен јави дека поради надојдената вода на улиците „испливаа“ крокодили и змии.
Поради закана од поплави во североисточниот дел на Австралија наредена е евакуација на повеќе од 20.000 луѓе.
Градот Таунсвил во Квинсленд речиси е целосно под вода, а се очекува да расте и нивото на водата во реката Рос.
Метеоролозите најавиваат дожд и во следните денови.