Саудиска Арабија објави дека новинарот Џамал Кашоги е мртов, пренесува британски „Гардијан“. Кашоги, кој беше познат по критичките текстови за саудиските власти, исчезна откако го посети саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври.
Веста која ги наведува првичните наоди од официјалната истрага, беше објавена на националната телевизија на Саудиска Арабија. Во неа се соопштува оти избила физичка пресметка помеѓу Кашоги и луѓето со кои се сретнал во конзулатот, што довело до смртта на новинарот.
Објавено е и дека генералот Ахмед ал-Асири, кој е поврзуван со случајот, е разрешен од функцијата. Уапсени се и 18 саудиски државјани.