Кипар и Бугарија се единствените земји-членки на ЕУ во коишто нема потврдени случаи со коронавирус.
Во регионот, нема регистрирано заболени лица во Албанија, Косово и во Турција.
До денеска немаше заразени лица ни во Малта, но пред неколку часа беше објавен првиот потврден случај на коронавирусот во островската држава. Станува збор за 12-годишно девојче кое допатувало од Италија.
„Таа, нејзината сестра и родителите биле во изолација откако се вратиле од Рим во вторникот, а нивниот контакт со други луѓе бил минимален“, изјави министерот за здравство во Малта.
Во Италија, заразени се 4636 лица со новиот коронавирус.