Лидерот на десничарската партија Лига, Матео Салвини, кој го предизвика падот на првата италијанска популистичка влада и е исклучен од идната власт, повика на демонстрации на 19 октомври во Рим.
– Мислам дека 19 октомври ќе биде голем ден на италијанската гордост – рече Салвини.
Премиерот Џузепе Конте на 8 август беше присилен да поднесе оставка кога Салвини ја повлече својата поддршка за владата.
Демократите и Движењето пет ѕвезди вчера се договорија да формираат нова влада предводена од Конте, со што, барем засега, е избегната опасноста од предвремени избори.