На 21 Саудиец ќе им бидат одземени или укинати американски визи поради убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, соопшти портпаролката на Стејт департмента Хедер Нојерт.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска им ги одзеде визите на некои саудиски функционери кои се вмешани во убиството на Кашоги, а тоа е прва казнена мерка против догогодишниот блискоистиочен партнер на Вашингтон.
Мерката е воведена кусо време откако Трамп ја осуди Саудиска Арабија за „едно од најлошите прикривања некогаш направени“.
По изјавата на Трамп, државниот секретар Мајк Помпепо рече дека администрацијата ќе им одземе визи на саудиски владини и разузнавачки агенти кои се одомничени за вмешаност во смртта на Кашоги.
Податоците во врска со визите се доверливи и Помпео не прецизира кому ќе му бидат одземени визи.
– Оваа казнена мерка нема да биде последен збор во овој случај. Администрацијата ќе продолжи да ги повикува виновниците на одговорност. Јасно ставаме до знаење дека САД не толерираат ваков вид безобѕирна акција со цел замолчување со насилство на новинарот Кашоги, изјави Помпео во Стејт департментот.
Членови на Конгресот претходно побараа воведување санкции против Ријад поради убиството на Кашоги.