Американскиот секретар за одбрана, Патрик Шанахан изјави дека САД нема повеќе да го игнорираат однесувањето на Кина во Азија, бидејќи стабилноста на регионот бил загрозена, во однос на прашањата за Јужно кинеското море и Тајван.
– Ние нема да го игнорираме однесувањето на Кина, јас мислам дека луѓето во минатото премолчено го заобиколуваа ова прашање – изјави Шанахан на конференција за безбедност во Сингапур.
Тој рече дека е во интерес на Пекинг да има конструктивен однос со Вашингтон. Шанахан ги повика азиските советници да го зголемат воениот буџет.
Во врска со случајот со кинеската технолошка фирма „Хуавеј“, Шанхан изјави дека компанијата е блиска до кинеската Влада и додаде дека Вашингтон е загрижен поради кибер-нападите и кражбата на интелектуалната сопственост.