Договорот за решавање на трговскиот спор меѓу Кина и САД би можел да биде потпишан на 27 март. Преговорите се во завршна фаза, пишува весникот „Волстрит џурнал“.
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега Си Џинпинг ќе го потпишат договорот за решавање на трговскиот конфликт меѓу двете земји на 27 март на Флорида, тврдат за весникот добро информирани извори.
Во рамки на договорот Кина може да ја намали царината за увоз од САД, вклучувајќи земјоделски производи, автомобили и производи од хемиската индустрија. Вашингтон како одговор постепено ќе ги повлекува казнените царини воведени на кинескиот увоз. Дел од договорот би можело да биде и набавка на американски течен гас во вредност од 18 милијарди долари од Пекинг.
Според претставниците на двете земји, преговорите за регулирање на трговскиот конфликт се во завршна фаза, постигнат е „суштински напредок“, но и американското и кинеското раководство се незадоволни бидејќи условите за другата страна сметаат дека се многу поповолни.